Почина пилотот на рускиот авион што се урна, иако се катапултираше, но не преживеа

Загина пилотот на рускиот воен авион Су-25 што денеска се урна во Азовското Море, објави началникот на округот Јејск, Роман Бублик на Телеграм, пренесуваат руските медиуми. Во пораката тој изрази сочувство до роднините на пилотот.

На социјалните мрежи се објавени непроверени видеа на кои се гледа како падобранот се спушта над морето во близина на плажата .

Претходно руските власти соопштија дека тој успешно се катапултирал од авионот.

Претходно прес-службата на Јужниот воен округ извести дека борбениот авион Су-25, кој вршел тренинг лет над Краснодарската територија, се урна над Азовското Море.