Почина писателот Разме Кумбароски

Како последица на заразата од Ковид-19 синоќа почина писателот Разме Кумбароски, поет, романсиер, есеист, критичар, преведувач, антологичар.

Роден е на 29 март 1944 година во Струга. Член на ДПМ од 1987 година.

Автор е на збирките поезија: Зинда (1982), Воден премин (1984), Мусандра (1988), Манастир (1994), Троја (1998), Потковица и зла месечина (2003), Сон на летната ноќ (2007), Стаклена планина (2013); романите: Мириси кораби злато (1999), Чудесија (2002), Остров на тивките меандри (2006), Архипелаг (2010) и есеистичко-критичките книги: Минатата година во Енхалон (2011), По патот (2007, библиографско издание, песни и есеи). Автор е или коавтор на панорамските избори: Поетите од Струга (2002, избор, поезија – СВП), Миладиновци, (2005), Меандар (2013).

Кумбароски бил секретар и директор на светски познатата манифестација Струшки вечери на поезијата, основач и директор на Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци‘‘- Струга и на Меѓународната литературна манифестација Година на есејот.

Погребот ќе се изврши во сабота, 13 ноември, во кругот на најблиското семејство.