Почина поранешниот канадски премиер Брајан Малруни

На 84-годишна возраст почина Брајан Малруни, поранешниот канадски премиер кој посредуваше во договорот за слободна трговија со САД, но чијај политичка оставнина беше поткопана со откритија за нечесни деловни односи со трговец со оружје.

Брајан Малруни, 18-тиот канадски премиер, чиешто државничко заземање за, како што тој ги нарече „големи каузи“, од слободната трговија и киселите дождови во Северна Америка до соборувањето на апартхејдот во Јужна Африка, беше поткопано со обвинувањата за финансиски малверзации и злоупотреба на влијание откако ја напушти функцијата, починал во четвртокот во болница во Палм Бич, Флорида, каде што имаше дом, пренесува The New York Times.

Малруни бил подвргнат на операција на срцето во август и бил лекуван од рак на простата на почетокот на минатата 2023 година.

Корпоративен адвокат кој стана бизнисмен, Малруни ги предводеше прогресивните конзервативци од десницата до историска победа во 1984 година над либералите на Пјер Трудо. Вештиот политичар со дарба за јавни говори, Малруни се обиде да ги имитира конзервативните склоности од ерата на американскиот претседател Роналд Реган и британската премиерка Маргарет Тачер во Канада со преуредување на даночниот систем и распродажба на државната сопственост.

Неговото деветгодишно владеење беше обележано со преговорите за Договорот за слободна трговија Канада-САД во 1988 година, кој помогна да се зголеми канадскиот извоз и воведувањето на данокот на стоки и услуги во 1991 година (NAFTA). Данокот беше многу непопуларен политички, но помогна за подобрувањето на владините финансии.

Под Малруни, некои државни корпорации беа продадени, вклучително и националниот авиопревозник „Air Canadа“.

Малруни, исто така, водеше два неуспешни обида за промена на канадскиот Устав за да ѝ се додели на покраината Квебек, претежно главно француско говорно подрачје на чиј североисток е роден, статус на засебна заедница. Овие напори, осмислени за да се спречи движењето за независност на Квебек, поттикна длабоки поделби меѓу француската и англиската Канада коишто политички одекнуваа со децении.

Малруни активно се интересираше за надворешните работи, туркајќи договор со Соединетите држави за спречување на киселите дождови, предводејќи ги напорите за ставање крај на гладот ​​во Етиопија од 1984 година и зборувајќи против апартхејдот во Јужна Африка.

Малруни формираше блиски односи со Реган, тогашниот американски претседател, а двајцата го одбележаа самитот во 1985 година со јавна изведба на песната „When Irish Eyes Are Smiling“. Близок пријател и на Реган и на поранешниот американски претседател Џорџ Х.В. Буш, тој одржа проштални говори на погребите на двајцата државници.