Почина поранешниот кинески претседател Џиан Земин

Поранешниот кинески претседател Џианг Земин, кој ја водеше најбројната нација во турбулентниот период од 1989 до 2002 година, починал во средата на 96-годишна возраст поради откажување на органите, известија кинеските медиуми.

Џианг Земин на власт дојде по насилното задушување на протестите на пекиншкиот плоштад Тијананмен во 1989-та, но истовремено придонесе за трансформација на Кина во сиромашна земја во светска велесила. Кога таа година официјално беше именуван за наследник на Денг Ксијаопинг, земјата беше на самиот почеток на модернизацијата на своето стопанство.

Кога Џианг ја напушти претседателската должност во 2003 година, Кина стана членка на Светската државна организација (СТО – WTO) и победи при кандидирањето за организација на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и зачекори на патеката да стане вистинска велесила.

И по официјалното пензионирање, поранешниот градоначалник и шеф на Комунистичката партија во Шангај, Џианг Земин со тесниот круг соработници влијаеше врз политичката сцена во Кина.