
Неверување, голема болка и неизмерна тага предизвика веста за ненадејната смрт поранешниот кадетски и младински кошаркарски репрезентативец на Македонија, Александар Којчевски кој почина синоќа на свои само 22 години, јавува спортскиот портал ЕКИПА.
– Александар Којчевски во текот на кошаркарската кариера настапуваше за неколку клубови во нашата земја меѓу кои Јуниор, Ангели и Торус, како и за универзитетски кошаркарски клубови во САД. Како перспективен млад кошаркар беше член на кадетската и младинската репрезентација на Македонија. Активно играше кошарка до пред две сезони. Веста за прераната смрт на Којчевски предизвика голема тага и силна болка кај сите нас. Загубата е ненадоместлива, пишува Екипа.
Погребот ќе се одржи денеска (16 октомври) на гробиштата Драчево со почеток во 12 часот.