Почина познатата италијанска актерка Сандра Мило на 90-годишна возраст

Италијанската актерка Сандра Мило почина на 90-годишна возраст. Актерката починала во својот дом во Рим, опкружена со семејството.

Освен што остави голем белег со улогите во „Il generale Della Rovere“, „8½“ и „Giulietta degli spiriti“, Сандра се најде во центарот на вниманието кога се окова со катанец пред „Palazzo Chigi“ во Рим и побара средба со премиерот на Италија Џузепе Конте (55), за да разговараат за актери и уметници погодени за време на Ковид-19 пандемијата.

Таа се врза за металните бариери околу „Пјаца Колона“, а потоа беше примена во „Палазо Чиги“ на интервју.

Премиерот Џузепе Конте, кој слушнал дека актерката протестира за самовработените во светот на забавата, се согласил да се сретне со неа.

Мило беше видно задоволна и им кажа на новинарите околу неа.

-Тој е прекрасен човек, изјави актерката.