Американскиот режисер и глумец Мелвин ван Пиблс, познат по својот удел во независната филмска индустрија, почина на 89 години. Веста ја потврди неговиот син – познатиот режисер и глумец Марио ван Пиблс.
– Тато знаеше дека сликата на црнците вреди… Ако една слика вреди илјада зборови, тогаш колку вреди филмот? Ако сакаме да бидеме успешни, треба да се гледаме себеси како слободни. Вистинското ослободување не значи имитирање на менталитетот на колонизаторот. Тоа значи да се цени моќта, убавината и меѓусебната поврзаност на сите луѓе!, изјави Марио за својот починат татко.
Мелвин ван Пиблс режира 17 свои проекти, а глумел во 44 филмови и ТВ-серии. Реолуционерниот „Sweet Sweetback’s Baadasssss Song“ од 1971 година, е можеби неговиот најпознат филм.