Претседателот на Танзанија Џон Магуфули почина на 61 година, а веста за неговата смрт ја потврди потпретседателот Самија Сулуху Хасан. Споед Хасан, Магуфули починал во болница во Дар ес Салам од компликации од срцето.
Магуфули не се појавил во јавност од 27 февруари, а опозицијата тврдеше дека тој се заразил со коронавирус. Нема официјална потврда дека претседателот на Танзанија се заразил со ковид-19.
Магуфули беше еден од најголемите скептици за коронавирусот во Африка и ги повикуваше луѓето да му се спротивстават на вирусот со молитви и терапии на база на билки.
Земјата во мај престана да објавува бројки поврзани со епидемијата, а Владата одбиваше да обезбеди вакцини.