
На 58-годишна возраст почина прославениот француски голман и воедно и репрезентативец на оваа земја, Бруно Мартини.
Мартини беше дел од стручниот штаб на Монпелје каде што беше тренер на голманите, а причината за смртта е срцев удар, за време на тренинг минатата недела, бил хоспитализиран, а потоа и починал во болница по неколку дена.
Тој во својата играчка кариера најмногу мечеви одигра токму за тимот на Монпеље како и во дресот на Оксер. За Франција бранеше на 31 меч.