Почина родилката која скокна од прозорец на гинекологија

Почина родилката која пред десетина дена се фрли од спрат од скопска гинекологија откако претходно се породи со своето прво бебе.

39 годишната жена починала околу 21 часот на КАРИЛ каде, со тешки повреди, беше преместена по падот од Клиниката за гинкологија.

Бебето на родилката било пуштено од гинекологија и било во домот на семејството.

Веднаш по инцидентот на Клиниката за гинекологија беше пратен вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој покажал дека постојат пропусти во делот на прегледите кои биле побарани за родилката.