Шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан, брат на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, почина утринава, објави државната новинска агенција ВАМ.
„Претседателот на ОАЕ, неговото височество шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, го оплакува својот брат, шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан, претставникот на владетелот на Абу Даби.
Шеикот Саид, кој страдаше од здравствени проблеми, почина денеска“, се вели во официјалното соопштение.
ОАЕ прогласи почеток на тридневна жалост, за време на која знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.
Саид бин Зајед Ал Нахјан е роден во 1965 година во Ал Аин, а во јуни 2010 година беше назначен за потсекретар на Одделот за планирање во Абу Даби. Тој беше и претставник на шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан. Тој беше претседател на Управата за поморски пристаништа (Абу Даби).