Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе им подлегна на повредите по атентатот.
Оваа информација ја објави јапонската агенција NHK, која се повикува на извори од Либерално-демократската партија. 67-годишниот Абе држеше предизборен говор за неделните избори во Горниот дом на парламентот, Домот на советниците, кога беше застрелан и ранет од вооружениот напаѓач Тецуја Јамагами (41), кој потоа беше уапсен на местото на настанот под сомнение за обид за убиство.
Кон Абе биле испукани два истрела, а вториот го погодил во грбот, по што паднал на земја. Поранешниот јапонски премиер се држел за градите кога паднал на земја и на неговата кошула можела да се види трага од крв, пишува Кјодо.
Човекот осомничен дека пукал во Шинзо Абе и рекол на полицијата дека не е задоволен со поранешниот јапонски премиер и дека имал намера да го убие, соопшти националната телевизија NHK, повикувајќи се на полицијата.
Осомничениот, за кој се вели дека е поранешен припадник на јапонската морнарица, моментално е во полициски притвор.