Почина синот на ѕвездата на „Сплетки“, имаше само 19 години

Арчи Линдхурст, синот на Николас Линдхурст, најпознат по улогата на Родни во легендарната серија „Сплетки“, пронајден е мртов во семејниот дом.

Починатиот Арчи тргнал по стапките на татко му и станал актер, а полицијата неговата смрт ја смета за природна.