![neda-arneric-620x350](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/neda-arneric-620x350.jpg?resize=620%2C350&ssl=1)
Познатата српска актерка Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст, објави Телеграф.рс. Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан, без знаци на насилство.
Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера. Во Македонија е најпозната по улогата во филмот „Исправи се Делфина“. Неколку месеци по смртта на нејзиниот сопруг, Милорад Мештеровиќ, таа се обиде да си го одземе животот.
Српските медиуми за неа пишуваа дека во последниот период Арнериќ била во блага депресивна состојба.