Почина славниот чешки писател Милан Кундера

Светски прочуениот чешки писател Милан Кундера почина во средата во 95-та година од животот.

Роден е во Брно во 1929 каде што завршл средно училиште. Студирал естетика и книжевност во Краков, а потоа заминува на прашката Филмска академија.

По дипломирањето работи како професор и предавач на светска книжевност на Филмската академија во Прага. Беше член на комунистичката партија само две години, а потоа беше исфрлен.

Се пресели во Франција во 1975 година. Првите романи ги пишуваше на чешки јазик, а од осумдесетите години пишуваше на француски.

Негови најпознати дела се „Неподносливата леснотија на постоењето“ и „Шега“.