Почина славниот саксофонист Вејн Шортер

Американскиот саксофонист Вејн Шортер, автор на некој од најслушаните џез композиции, почина во четврток на 89-годишна возраст, известија весниците The New York Times и The Washington Post повикувајќи се на неговата издавачка Алиша Кингсли која ја потврдила смртта на славниот музичар.

Шортер се прослави свирејќи тенор саксофон со тапанарот Арт Блејки во доцните 1950-те, а следната деценија свиреше и во квинтетот на не помалку прославениот трубач Мајлс Дејвис со пијанистот Херби Хенкоки, басистот Рон Картер и тапанарот Тони Вилијамсон.

Автор е на некои од најпознатите песни на квинтетот како што се „E.S.P.“ и „Nefertiti“. Дејвис го нарече „личноста од идеи во бендот, концептуализатор на низа музички идеи кои ги спроведовме и кој сфати дека слободата во музиката и способноста за препознавање на правилата за да би можело да бидат заобиколени“.

Авторството на Шортер го фалеше и Хенкок.

„За мене главен автор во таа група беше Вејн Шортер… Вејн Беше еден од ретките луѓе кои на Мајлс му носеа музика којашто потоа не се менуваше“, рече своевремено славниот клавијатурист.

Шортер во 1960-те години водеше свој бенд кој произведе низа албуми, меѓу кои се „„Јuju“, „Speak No Evi„ и „Adam’s Apple“ соп еден од најголемите џез стандарди „Footprints“.

Шортер беше и соосновач на славниот џез-фужн состав Weather Report во периодот кога минуваше на сопрански саксофон, а овој бенд основан 1969 година осум години подоцна ја сними една од најпродаваните џез плочи на сите времиња „Heavy Weather“.

Од друга славни албуми се издвојува и „Native Dancer“ со бразилскиот музичар Милтон Насименту.

Шортер во 2000 година го основа својот прв постојан акустичен бенд со пијанистот Данило Перез, басистот Џон Патитучи и тапанарот Брајан Блејд. Бендот објави четири албуми „во живо“.

Со пејачката и басистка Есперанца Спалдеин ја напиша операта „Ифигенија“ (Iphigenia) којашто премиерно беше изведена во 2021 година.

Шортер во 1985 година доживеа тешка семејна трагедија кога од последици на епилептичен напад му почина 14-годишната ќерката од бракот со неговата втора сопруга Ана Марија Патрисио. И самата Патрисио почина во експлозијата на авионот набрзо по полетувањето од Њујорк во 1996 година.