Почина соосновачот на бендот Bon Jovi, Алек Џон Сач

Американскиот музичар од унгарско потекло Алек Џон Сал, бас-гитарист и соосновач на рок-бендот Bon Jovi, почина на 70-годишна возраст, објави во неделата прес-службата на групата на Twitter.

„Потиштени сме од веста дека нашиот драг пријател Алек Џон Сач почина (…) Алек беше неизоставен дел во создавањето на групата (…) Ќе ни недостига“, се наведува во објавата.

Сач е роден во американската сојузна држава Њујорк. Со бендот настапуваше 11 години, пред да го напушти во 1993 година. Во 2018 година повторно ја собра групата по повод свеченоста и вбројување во американската Куќа на славните на рокенролот во Кливленд, откако претходно во 2006 година беше вкличена во британскиот пандан на славните светски музичари.

Бендот Bon Jovi е основан во 1983 година во сојузната држава Њу Џерси, а името го добила по вокалистот и фронтменот Џон Бон Џови. Дискографијата на составот вклучува 15 студиски апбуми