Почина сопственикот на Аурора Турс, туристичка агенција, како и сопственик на еден од најубавите хотелски ресорти во Македонија, Аурора Берово, кој поседуваше и угостителски објект на езерото Козјак, Славе Сирачевски.
Веста на фејсбук ја објави поранешниот директор на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски.
„Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам.
Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на Хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот!
Во мое лично име изразувам сочуство на семејството!
Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор.
Почивај во мир Славе“, напиша на својот статус Љупчо Јаневски.