Почина сопственикот на кафеаната во Јагодина во која имаше пукање вечерва

Сопственикот на кафеаната во Јагодина, каде што вечерва се пукаше, им подлегна на повредите.

Како што пренесуваат српските медиуми во Итната помош во Јагодина, лекарите не успеале да го спасат животот на сопственикот на кафеаната Д.М. (56).

Во престрелката се ранети младо момче и девојка. Еден од гостите бил ранет во нозете, а другиот во стомакот.

Полицијата се уште трага по напаѓачот кој по злосторството побегнал.