Малколм Глејзер, американскиот бизнисмен кој е сопствени на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер јунајтед, почина пред неколку часа во својот дом во САД на 85-годишна возраст.
Сопственикот на познатиот НФЛ клуб, Тампа Беј баканирс, 2005 година го купи англискиот клуб, а под негово водство “црвените ѓаволи” освоија пет шампионски титули во домашниот шампионат и го освоија победничкиот пехар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.