Познатата српска книжевничка Исидора Бјелица починала во Белград во 52-та година од животот, потврди во средата нејзината издавачка куча „Лагуна“.
Во 2012. година, кај Бјелица е дијагностициран карцином, поради што ѝ биле отстранети и јајниците, матката и абдоминално ткиво. Покрај тоа што се борела со болката, таа исто така морала да се бори со психата бидејќи карциномот го сметала за елегантно самоубиство.
Болеста ја натерала да продаде околу 3.000 ретки книги за да плати за лекување во странство. Иако беше во кревка здравствена состојба, таа беше принудена да работи, поради што неколкупати имаше рецидив на болеста.
Родена во Сараево на 10-ти декември 1967 година каде што завршила гимназија, Бјелица подоцната дипломирала на Факултетот за драмски уметности (отсек драматургија) во Белград и магистрирала со темата „Технотрилерот како современа форма на трагедијата“.
Беше во брај со Небојша Пајкиќ, со кој има две деца, Лав Григориј и Вила Евангелина, пренесува агенцијата Танјуг.
Исидора Бјелица е автор на повеќе од 40 книги посветени на разни генерации, а покрај тоа напиша и повеќе театарски текстови и радио-драми.
Го режираше филмот „Дорќол-Менхетен“, а во театарот ги режираше „Сарајка во Белград“ и комедијата на својот сопруг Пајкиќ „Мархатана“,
Како телевизиски автор работеше на неколку проекти, од кои „Клот-Фркет“ на БК телевизија и на БН телевизија, и „Љубовниот водич на Исидора“ на телевизијата Метрополис.