
Сведокот кој се онесвести за време на судењето на случајот „Претседавач“ починал и покрај тоа што била повикана брза помош.
Инаку случајот „Претседавач“ се однесува за аферата Машинопромет, во која обвинет е и претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Според информациите на Канал 5, сведокот бил магационер во Машинопромет и денеска бил повикан да сведочи на судењето.
Присутни во судницата велат дека сведокот уште пред да почне да сведочи рекол дека е возбуден. Но по кратко сведочење на магационерот му се слошило и паднал.