Малку повеќе од една година по смртта на 60-годишната планетарна ѕвезда Диего Армандо Марадона, од срцев застој почина и неговиот 52-годишен брат Уго, соопшти италијанскиот прволигаш Наполи.
„Уго Марадона почина“, објави Наполи во кусото соопштение, потврдувајќи ја информацијата во италијанските медиуми дека Аргентинецот подлегнал на срцев удар.
„Ел Турко“, како што гласеше неговиот прекар, живееше во Монте ди Прочиди“, 15 километри западно од Наполи.
Уго Марадона, како и славниот Диего и братот Раул играше фудбал, на позиција во средниот ред но неговата кариера не беше толку плодна.
Беше член на аргентинската селекција до 16 години, со 18 години потпиша за Наполи но набрзо беше позајмен во Асколи. Две сезони мина во Рајо Ваљекано, една во Рапид, а играше и за клубови во Јужна Америка, Јапонија и Канада.
Откако во 1999 година ја заврши играчката кариера, започна со тренерски ангажман на амтерско и младинско ниво. За разлика од славниот брат, Ел Турко живееше мирно, а имаше три деца.