Почина влијателниот ирачки шиитски ајатолах ал-Хакими

Големиот ирачки ајатолах Мохамед Саид ал-Хаким, една од највлијателните личности во шиитскиот ислам, почина во петокот на 85-годишна возраст од срцево затајување во ирачкото светилиште Наџаф, пренесуваат медиумите повикувајќи се на неговото оплружување.

„Мохамад Саид ал-Хаким пред три дена е опериран во болницата во Наџаф и денеска (петок) почина поради затајување на срцето“, изјавил за AFP неименуван извор од неговото опкружување.

Уште во петок по локални време ќе биде погребан во Наџаф, во централниот дел на Ирак, каде што во мавзолејот на имамо Алија секоја година на аџилак одат шиитите од сите делови на светот.

Ирачкиот претседател Барам Салеј му одал почет на овој „истакнат претставник“ на исламскиот шиитизам кој го исповедаат две третини од ирачкото население, а САД „упатиле изрази на сочувство до муслиманскиот народ“, во соопштението кое го објави американската амбасада во Багдад,

Мохамад Саид ал-Хаким, роден во семејство на шиитски верски водачи во Наџаф во 1936 година, беше еден од највлијателните шиитски челници во Ирак и блискоисточниот регион. Ж

Беше затворен во периодот 1983 до 1991 година, во времето на сунитскиот ирачки диктатор Садам Хусеин, кој ставувајќи дека Исламската револуција во соседн Иран во 1979 година ќе поттикне „слични настани“ во Ирак и со поддршка на Западот ја запчна ирачко-ранската војна.

Ал-Хаким смртта го затекна на должноста голем ајатолах на „хавзата“, шиитска верска школа во Наџаф. Покрај него, оваа титула ја носеа и Мохамад ал-Фајдах, Башир ал-Наџафи и големиот ајатолах Али ал-Систини кого за врвен верски авторитет го сметаат мнозинството шититски муслимани во светот.

Според политички аналитичар кој ја следи шиитската заедница во Ирак, а кој сакал да остане анонимен за AFP, Мохамад Саид ал-Хакам се истакнувал „со својата близина до верниците“. Имал обичај да „влезе во масата аџии во текот на Арбаен“, празникот со кој се завршуваат 40-те денови жалост поради мачеништвото на имамот Хусеин, вникот на пророкот Мухамед и основач на шиитскиот ислам.

„Во јавноста никогаш не ги изнесуваше политичките ставови“, рекол соговорникот на агенцијата, што е во согласнот со верските учења на шиитите кои не го практикуваат принципот „велајат-е-факих“, какво што се применува во Иран за првенството на верата над политиката.