Почина жената која речиси еден век беше заштитно лице на бебешката храна „Gerber“

Ен Тарнер Кук, која станала заштитно лице на компанијата производител на детска храна „Gerber“ на петмесечна возраст, почина на 95-годишна возраст, објави компанијата на своите страници на социјалните мрежи.

„Компанијата е длабоко натажена поради смртта на Ен Тарнер Кук, која стана првото дете коешто се појави на култното лого на Gerber пред повеќе од 90 години. Уште и пред Ен да стане прекрасна мајка, учителка и писателка, нејзината насмевка и жива љубопитност ги освоија срцата на луѓето ширум светот и ќе продолжат да живеат со нас како колективна претстава за новороденчиња“, се наведува во соопштението.

Нејзиниот син Клиф Кук за американската мрежа NBC News изјавил дека Ен била хоспитализирана по тежок пад кон крајот на мај. Во текот на болничкото лекување ѝ се влошила и починала на 3-ти мај, во кругот на семејството.

Како што истакнал Кук, неговата мајка во текот на животот била „активна личност со прекрасна смисла за хумор, која ја задржала до крајот на животот“.

Ен Тарнер имала само пет месеци кога сосетката уметница Дороти Хоуп Смит го насликала нејзиниот портрет со јаглен и го испратила на конкурсот „Gerber“, која и го избрала.