Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2. Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години. Во ГОБ Осми Септември починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62 годишна возраст. Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3484“, наведено е во соопштението.
Таму е наведено и дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.
„Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот. Во ГОБ Осми Септември примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, се вели во соопштението.