Дваесет и четири лица починаа, а 1.837 се новозаболени од ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 246 реинфекции. Регистрирани сe 85 оздравени пациенти.
Направени се 6.647 тестови, а регистрираните нови случаи се во: Скопје – 890, Битола – 104, Кавадарци – 95, Куманово – 81, Тетово – 68, Прилеп и Струмица по 60, Гостивар – 45, Неготино – 42, Велес – 40, Радовиш – 36, Штип и Гевгелија по 32, Охрид – 31, Кичево и Кочани по 29, Ресен – 22, Струга и Делчево по 21, Крива Паланка – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Валандово – 13, Македоснки Брод – 7, Пробиштип и Кратово по 6, Виница – 4, Берово, Крушево и Македонска Каменица по 3, Демир Капија и Пехчево по 2, Демир Хисар и Дојран по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 24 починати лица болнички услови: 7 починати лица од Скопје (61, 67, 67, 72, 82, 83 и 83), 4 починати од Куманово (69, 75, 80 и 90), 3 од Струмица (66, 71 и 78), по 2 од Охрид (48 и 69) и Кочани (78 и 82) и по едно лице од Прилеп (66), Битола (81), Велес (73), Штип (69), Свети Николе (72) и Пробиштип (80).
Од вкупниот број починати, девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се дијагностицирани 266.937 заболени со ковид-19, оздравеле 239.666, починале 8.362, а во моментов болни се 18.909 лица.