Вкупно 906 новозаразени од ковид-19, 26 починати и 343 оздравени се регистрирани за последните 24 часа, информира Министерството за здравство.
Од новозаразените најмногу има во Скопје – 423, Тетово – 68, Куманово – 60, Гостивар – 51, Струмица- 39, Свети Николе- 34, Кичево – 31, Охрид -20, Битола, Штип и Струга по 19 Велес и Кочани и Радовиш по 16, Кавадарци – 15, Прилеп – 12, Ресен – 11, Дебар – 9, Кратово – 7, Гевгелија – 6, Неготино и Делчево по 5, Берово, Богданци и Пробиштип по 4, , Виница и Македонски Брод по 3, Македонска Каменица и Крива Паланка по два и по еден во Валандово, Пехчево и Дојран.
Починале 26 пациенти и тоа во Скопје – 8, Тетово – 6, Струга -3 , Гостивар -2, Кичево – 2, по еден во Прилеп, Охрид, Кратово, Виница и Дебар.
Оздравени се 343 лица.
Моментално се активни се 14. 785 лица. Најмногу во Скопје – 5802, Тетово – 2004, Гостивар – 1204 и Куманово – 922.
Направени се 6.006 тестови.