
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа nаправени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи на ковид-19.
Најмногу заболени има во Скопје (505), а значително помалку се регистрирани во Кавадарци (30), Струмица (26) и во Куманово (25).
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 84 реинфекции, а од министерството информираат дека се оздравени 7.170 пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 22 починато лице: 10 починати лица од Скопје (49, 52, 59, 6г, 67, 68, 70, 71, 85 и 87), по 2 починати лица од Гевгелија (6г и 75), Охрид (79 и 86) и Струга (73, и 74) и по едно починато лице од Битола (84), Делчево (75), Кичево (86), Кратово (29), Неготино (56) и Струмица (82). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56 до 81 година. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.