Во последното деноноќие е регистриран 561 пациент позитивен на коронавирусот, а починати се 29 лица, меѓу кои и двегодишно дете од Скопје, соопшти Министерството за здравство.
„Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистриран е 561 нов случај на ковид-19: Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2, Пробиштип и Богданци – по 1. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од: Скопје – 201, Тетово – 39, Гостивар – 37, Куманово – 33, Струмица – 25, Штип и Кичево – по 18, Прилеп и Дебар – по 16, Кавадарци – 15, Свети Николе – 13, Велес – 12, Кратово – 10, Битола – 9, Радовиш и Берово – по 8, Кочани – 6, Виница и Крива Паланка – 4, Ресен, Валандово и Пробиштип – по 3, Гевгелија и Неготино – по 2, Делчево и Богданци – по 1. Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88, 76, 70, 70, 69, 68, 67, 66, 56, 54, 53, 40, 2), 3 починати лица од Куманово (84, 69 и 39), по 2 починати лица од Тетово (69 и 68), Струмица (76 и 68) и Охрид (88 и 67), по едно починато лице од Гостивар (71), Кичево (62), Дебар (60), Кратово (72), Радовиш (67), Крива Паланка (69) и Ресен (72). Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови“, соопшти Министерството за здравство.
Двегодишното починато дете било родено со конгенитални малформации, додаде Министерството за здравство, како и со дијагнози бактериска сепса.
„Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит, некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на Клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со ковид-19 позитивен резултат“, наведено е во соопштението.
Таму е посочено дека во изминатите 24 часа направени се 4,384 тестови преку: ИЈЗ-232, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија – 7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–287, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-309, Биотек-332, Систина-85, лабораторија Лаор-170, Синлаб-30, Ремедика-22, Плодност–43, Генеа-25, Никоб лаб-486, ВФВ Медикал-62, Ели Медика-97, Ројал Медика –16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.712.
Досега во земјата се направени вкупно 1,242,490 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186,010 бројката на оздравени пациенти е 166,606, на починати е 6,396, а бројот на активни случаи изнесува 13,008.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)