Починаа 5 лица, нови 312 заболени од ковид-19

Пет лица починаа, а 312 се заболени од ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Направени се 2.605 тестови, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во Скопје – 181, Прилеп – 17, Битола и Кавадарци по 13, Куманово – 12, Охрид – 11, Велес и Гостивар по 8, Струмица – 7, Гевгелија – 6, Ресен – 5, Штип – 4, Тетово, Кичево, Берово и Кратово по 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Валандово и Виница по 2, Неготино, Дебар и Крушево по 1.

Од вкупниот број позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција. Регистрирани сe 290 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Радовиш (77) во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се на возраст од 66 до 88 години и се пријавени во периодот од 19.02. до 09.03.2022 година. Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се дијагностицирани 301.895 лица, оздравени се 290.907, починале 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833 лица. Во Скопје има 982 активни случаи.