Девет лица починаа, а 172 се новозаболени од ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.
Направени се 1.483 тестирања, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип по 6, Велес и Струга по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија по 1.
Регистриран e 381 оздравен пациент.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица и тоа 4 од Скопје (61, 71, 72 и 75), по едно лице од Битола (65), Берово (63), Струга (85), Струмица (65) и Македонска Каменица (76). Сите се починати во болнички услови.
Направени се 1.483 тестови преку: ИЈЗ-37, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–133, Клиника „Жан Митрев“ – 53, Авицена-48, Биотек-100, Систина-46, лабораторија Лаор-0, Синлаб-5, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-157, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-18, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 830.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331.