Починаа осум лица, 112 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-8, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-10, Струга-6, Велес-4, Битола-3, Охрид-10, Кавадарци-2, Гостивар-13, Гевгелија-11, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-3, Кичево-3, Ресен-1.

Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6948, активни 683

• Куманово 1755, активни 180

• Дебар 285, активни 43

• Штип 1252, активни 49

• Прилеп 673, активни 126

• Тетово 1426, активни 159

• Струга 669, активни 49

• Велес 323, активни 34

• Битола 303, активни 62

• Охрид 426, активни 39

• Кавадарци 236, активни 47

• Гостивар 931, активни 89

• Гевгелија 125, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 242, активни 154

• Крива Паланка 107, активни 25

• Радовиш 79, активни 16

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 353, активни 152

• Пробиштип 112, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 12

• Пехчево 44, активни 3

• Берово 103, активни 36

• Валандово 32, активни 22

• Виница 111, активни 28

• Делчево 161, активни 78 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 25, активни 1

• Свети Николе 347, активни 39

• Кичево 326, активни 37

• Ресен 165, активни 16

• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1372 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-33, Авицена-276,  Биотек-184, МАНУ -184, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –37, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-20, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете  и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 57

• Гази Баба – 79

• Аеродром – 102

• Карпош – 88

• Центар – 98

• Кисела Вода – 84

• Ѓорче Петров – 52

• Бутел – 26

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 6

• Сарај – 12

• Арачиново – 7

• Илинден – 29

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 6

• Зелениково – 2

• Странец – 7

• Нераспределен-3