Починал брат му на претседателот Пендаровски, работел во Агенцијата за разузнавање

Пред повеќе денови починал братот на претседателот Стево Пендаровски кој работеше во Агенцијата за разузнавање која е под контрола на шефот на државата.

За смртта на Војче Пендаровски јавноста досега не беше информирана.

Извори блиски на Кабинетот на Пендаровски ги демантираат неофицијалните информации дека Војче Пендаровски починал во неразјаснети околности и дека неговата смрт била криена со помош на државни безбедносни служби.

„Војче, братот на Стево Пендаровски пронајден мртов пред 8 дена.
Кабинетот на Претседателот, МВР и АР се обиделе да го скријат овој скандал со сомнителната смрт на Војче”, пишува водителот Миленко Неделковски.

„Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител. При тоа, не се утврдени никакви знаци на насилство.

Погребот е спроведен во кругот на најблиските роднини и пријатели со почитување на Ковид протоколите“, велат од Кабинетот.

https://www.youtube.com/watch?v=VxkuZ3r0tR0&feature=emb_title

Во 2018 година на Војче Пендаровски поради повеќе инциденти во Агенцијата за разузнавање му било одземено службеното оружје по што бил префрлен во писарницата на Агенцијата за разузнавање без право да носи службено оружје, пишуваше тогаш Радио Лидер.