Германецот Гунтер Пархе со нож ја нападна Моника Селеш на 30 април 1993 година.
Според германските медиуми, Пархе починал во август минатата година, но таа вест до денес никој не ја знаел.
Пархе ги поминал последните 14 години од својот живот во дом за стари лица во Нордхаузен. Тој живеел таму во една соба и умрел на сон во својот кревет.
Гинтер Пархе, навивач на Штефи Граф, беше напаѓачот кој истрча на теренот за време на паузата меѓу гејмовите и ја повреди југословенската тенисерка.
Мотивот зад нападот на тогаш 19-годишната Моника беше желбата да се врати Штефи Граф на првото место, што доволно говори за лудилото на Пархе.
Пархе помина шест месеци во притвор чекајќи ја пресудата, а подоцна беше осуден на две години условна затворска казна со задолжително лекување, откако беше утврдено дека е психички нестабилен.