Денеска во 02.50 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот на ул.„Кочо Рацин“ била пронајдена почината Р.П.(46) од Градско.
Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.
Известен е Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.