Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со Македонија

Фирмата „Милениум тим“ започна со истражни работи на проектот – чистење од експлозивни остатоци од војната на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Македонија.

Официјалниот проект го подготви Центарот за деминирање на Србија, чии претставници ќе ги контролираат сите работи на реализација на проектот, а во текот на истражното работење нема да биде причинета штета на сопствениците на парцелите соопшти Југпрес.

Планот е да се изгради гасовод за јужна Србија, од Дољевац до македонската граница, кој ќе биде долг 146 километри и кој ќе обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Поморавље во Србија.