18.8 C
Skopje
петок, ноември 8, 2024

Почна чистењето на големата депонија покрај езерото Треска во Општина Сарај

Град Скопје започна со чистење на дивата депонија покрај езерото Треска во Општина Сарај. Оваа депонија се простира на површина од 10.000 метри квадратни со повеќе од 5.000 метри кубни отпад кој несовесни правни и физички лица го исфрлаат на овој простор.

Депонијата во Сарај е една од поголемите депонии на територијата на Град Скопје, која постојано се пали и со тоа се ослободуваат штетни емисии во воздухот, како и се загадува почвата и подземните води. На овој начин сериозно се загрозува животната средина, но пред се е сериозна закана по здравјето на граѓаните кои живеат во Општина Сарај и Општина Ѓорче Петров.

Чистење на сите диви депонии, но и постојани контроли и инспекциски надзор ќе продолжи да биде секојдневна активност на Град Скопје. Ова е приоритет на кој градот и јавните претпријатија активно работат, со цел обезбедување на здрава животна средина, со повеќе зеленило и чист воздух за жителите на Скопје.