Руската телевизија РТ, на која ѝ припаѓа и Russia Beyond, започна со известување на српски јазик. „Веројатно никаде на светот не нѐ чекале толку како овде. А, на драгите Срби сакам да им се обратам на нивниот јазик: „Браќа, гледајте РТ“, – рече главната уредничка на РТ Маргарита Симоњан.
„Ја стартувавме РТ на Балканот. Бидејќи Косово е Србија“, – нагласи таа на својот телеграм-канал.
Главниот уредник на балканското одделение на РТ Јелена Милинчиќ во својата авторска колумна нагласи дека нејзиниот медиумски тим ќе им го претстави на балканските гледачи и читатели рускиот поглед на светот – „засега преку текстови, колумни, мултимедијални проекти и видео содржини , а наскоро и преку ТВ-екраните“.
„По 10 години работа за РТ во Москва, а подоцна во Берлин, и потоа уште неколку години во Париз, неизмерно ми е драго што со тим од прекрасни млади луѓе конечно ќе дадам свој придонес на овој меѓународен проект и во мојот Белград, единствениот град во Европа од каде сè уште редовно полетуваат авиони за Русија“, – пишува Милинчиќ.
Планирано е до 2024 година да започне и емитувањето на телевизиската програма на РТ на српски јазик.