Северниот шапански град Памплона во четвртокот го одбележа почетокот на светски познатиот деветдневен фестивал со трка со биковите по улиците со истрелување на ракетата позната како „чупиназо“.
Илјадниците одушевени луѓе традиционално облечени во бело и често испрскани со црно вино и накитени со црвени шамивчиња и појаси, се собраа на главниот град за да го видат истрелувањето на ракетата од балконот на градскиот совет напладне.
По долгото очекување на истрелот, масата извикуваше „Да живее свети Фермин!“, светецот заштитник на Памплона, додека групите кои свиреа на традиционалната локална флаута и на тапани ја водеа од плоштадот во веселе поворка.
Годинава се одбележуваат 100 години од првата посета на американскиот писател Ернест Хемингвеј на овој фестивал, кој меѓународно го прослави со својот роман „Сонцето повроно се раѓа“ од 1926 година.
Многумина од земји ширум светот се собираат во градот со околу 200.000 жители за да ја испробаат својата храброст, и да уживаат во разновидната понуда на фестивалските забави, религиските поворки и концертите.
Властите во 2020 и 2021 година го откажаа овој широко познат настан поради пандемијата на коронавирусот, што беше првпат фестивалот да е откажан по Шпанската граѓанска војна од 1936 и 1939 година.
Од 1910 година 16 лица загинале во трките со бикови во Памплона, а последниот пат таква трагедија се случи во 2009 година.