
Во петокот рано попладните започна евакуацијата на цивилното население од одметнатите доминатно руски региони во источната украинска област Донбас поради стравување дека силите под контрола на властите во Киев се подготвуваат за провокации и ракетирања, соопштија бунтовничките милиции во Донецк и Луганск.
Властите на самопрогласените републики во Донецк и Луганс во медиумите и на социјалните мрежи претходно ги објавија местата и времето на кои жителите ќе можат со автобуси да бидат евакуирани на другата страна од границата меѓу Украина и Русија.
Претходно челникот на самопрогласената Народна Република Донецк, Денис Пушилин изјави дека во петокот е организирана масовна евакуација на населението поради опасност од напад на украинските владини сили. И водачот на бунтовниците во Луганск, Леионид Пасечник, исто така, ги повика жителите да се евакуираат во Русија.
Пушилин објави дека првенство за евакуацијата, а Русија наводно се согласила да ги прими, имаат децата, жените и повозрасните лциа.
„За да ги избегнеме жртвите меѓу цивилите, ги повикувам граѓаните на републиката што поскоро да заминат на територијата на Руската Федерација“, објави Песчник на социјалните мрежи.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за московските медиуми дека нему не му е познато што точно во моментов се случува во Донбас, на барање да го коментира повикот за масовна евакуација.
Засега нема официјални реакции од Москва и од Киев. Милиони цивили живеат во двата реагиона, доминатно населени со руско и рускојазично население, веќе добиле руско државјанство.
Претходно проруските бунтовници од истокот на Украина предупредуја дека ситауцијата на линијата на раздвојувањето се влошила. Ја обвинија владата во Киев дека не ги спроведува одредбите од мировните договори од Минск од 2014 и 2015 година и изразија стравувања дека киевските власти се решеле за воено решение на конфликтот.
Претходно во петокот продолжија меѓусебните обвинувања меѓу Киев и милициите од Донбас за провокации и артилериски гранатирања врз населени места, најеинтензивни изминатите години. Инцидентите се случуваат во заднината на, исто така, меѓусебните обвинувања на НАТО и Русија дека во источна Украина ќе следат провокации за разгорување на оружен конфликт.