Почна историската операција на извлекување на „Коста Конкордија“

Специјалните екипи утринава почнале од морското дно да го подигнуваат трупот на луксузниот италијански брод „Коста Конкордија“, што е една од најголемите поморски операции од овој вид во историјата.

Работниците полека го подигнуваат бродот со испимпување на воздухот и резервоарите прицврстени за бродот. Се очекува дека преместувањето на бродот ќе потрае шест  или седум денови.

Бродот ќе биде извлечен во своето матично пристаниште во Џенова, каде потоа ќе биде расклопен за старо железо, пренесе Би-Би-Си.

„Коста Конкордија“ удри во гребен во близина на островот Џило во јануари 2012 година, се прврте и делумно потона при штo загинаа 32 лица.

Операцијата за извлекување на „Конкордија“ која е двапати поголема од „Титаник“ до сега ангажирала неколку стотици нуркачи и инженери.