Почна летното сметање на времето

Летното сметање на времето во Македонија започна денеска во два часот по полноќ, кога часовниците требаше да се поместат еден час напред.

И покрај силните ветувања дека повеќе нема да се поместуваат срелките на часовникот, Европската Унија уште еднаш покажува дека е неодлучна и во однос на ова прашање. Па така, голема е веројатноста на есен повторно да го менуваме времето по зимско сметање.

Летното сметање на времето ќе заврши на 31 октомври.

Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври.