Почна постапката за одземање на мандатите на опозицијата

Почна постапката за одземање на мандатите на пратениците на СДСМ. На последната координација на координаторите на пратеничките групи со спикерот Вељаноски и потпретседателите на Собранието,  собранискиот секретар Жарко Денковски е задолжен до понеделник да изготви извештај за присуството на седниците на сите 23 пратеници.

Извештајот треба да го разгледа  комисијата за мандатно имунитетни прашања. Доколку Комисијата донесе одлука за одземање на мандатите, таа ќе биде ставена пред пратениците на пленарна седница, а за една оставка да биде прифатена потребно е двотретинско мнозинство.