Почна пролетната дератизација во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за јавно здравје денеска започна да спроведува пролетна дератизација за уништување на глодачи на својата територија.

Со дератизацијата во сите месни и урбани заедници ќе бидат опфатени 3.863 шахти.

Локалната самоуправа, соопштија денеска од Општина Кисела Вода,  секоја година напролет и наесен врши дератизација.