3.8 C
Skopje
понеделник, ноември 18, 2024

Почна протестот: „Ултиматум – НЕ благодарам“

Пред Владата и денеска започна протест против францускиот предлог, каде се собраа граѓани со транспаренти на кои, меѓудругото, е испишано и мотото на овој протест „Ултиматум – Не благодарам“.

Ова е петти ден, како граѓани и дел од опозоциските партии го искажат своето незадоволство од францускиот предлог, за кој сметаат дека е штетен за државата и оти не ги штити државните интереси.

Пред почетокот на протестот, изјава за медимите даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги повтори ставовите и барањата на партијата во однос предложените документи од ЕУ и апелираше за масовност на протестите, осудувајќи го насилничкото однесување на поеднинци.

Според најавите од пред Владата, протестниот марш треба да продолжи кон Министерството за надворешни работи, па се до Законодавниот дом. (МИА)