![ucilnica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/ucilnica-1.jpg?resize=696%2C513&ssl=1)
Скринингот во училиштата е веќе отпочнат. Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје, информираат од МЗ.
Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник.
Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје.
Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука.