![Vozi Velosiped 2012 (5)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/Vozi-Velosiped-2012-5.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Сезоната за изнајмување велосипеди од пунктовите на ЈП „Градски паркинг“ почнува денеска . Годинава на граѓаните ќе им бидат на располагање вкупно 220 велосипеди, од кои 90 се нови.
Во оваа петта сезона по ред, велосипеди ќе се изнајмуваат на пунктовите кај ТЦ „Бисер“ во населба Аеродром, кај Градската болница, кај болницата „8. Септември“, кај „Треска“ и на новоотворениот пункт кај катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј.
Велосипеди може да се изнајмуваат секој ден од 7 до 23 часот, по цена од 10 денари за час.
Градската власт апелира до граѓаните да не ги оштетуваат велосипедите и да ја почитуваат патната сигнализација.