Во просториите на ПОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче почна со работа новиот центар за ран детски развој „Слонче“, кој работи во состав на ЈУДГ „Буба Мара“.
Дечињата со огромно внимание и воодушевување го разгледуваа просторот наменет токму за нив. Децата на возраст од 3 до 6 години од Долно Лисиче имаат можност да посетуваат предучилишна програма, со цел да им се обезбеди правилен психо-физички и социо-емотивен развој.
Центарот за ран детски развој Општина Аеродром го отвори во соработка со УНИЦЕФ во рамки на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“.