Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега по должност Владимир Путин го започнаа во четвртокот доцна вечерта по средноевропско време закажаниот телефонски разговор во текот на кој треба да се изнајдат дипломатските решенија за кризата предизвикана од американските најави за наводна руска инвазија врз Украина.
„Повикот на претседателот Бајден на Путин започна во 21,35 часот по средноевропско време“, изјавил за Reuters неименуван функционер на Белата куќа.
Неколку часови пред разговорот, Путин во новогодишпната честитка на Бајден му порача дека е „уверен“ оти можат да соработуваат врз основа на „меѓусебното почитување и земајќи ги предвид националните интереси на другиот“.
Ден претходно, американски фунцкионер за агенцијатa AFP рече дека Бајден на Путин ќе му пониди „дипломатски пат“, но и дека и натаму е многу загрижен поради наводното трупање на руски сили на границата.
Пред помалку од еден месец украинскиот министер за одбрана изјави во парламентот, повикувајќи се на разузнавачки податок, дека Русија наводно разместила повеќе од 94.000 водиници во близина на границата и дека можеби се подготвива за голема воена офанзива кон крајот на јануари.
Русија возврати дека Украина преместила над 127.000 припадници, или половина од нејзиниот активен воени состав, на линијата на раздвојување со силите на одметнатите рускојазични региони во пограничната област Донбас и ги обвини Вашингтон и Киев дека се подготвуваат за воена разврска на седумгодишната криза.
Вашингтон ги консултираше европските челници пред разговорот меѓу Бајден и Путин, за да се координира заеднички одговор по прашањето на Украина, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Русија инсистира на правно обврзувачки договор за запирање на ширењето на НАТО кон нејзините граници, особено исклучување на прием во Алијансата на нејзините соседи Украина и Грузија, како и повлекување на големите меѓународни контигенти на воениот блок од источна Европа, како и неразместување на стратешки воени системи во регионот.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа неодамна ја опиша состојбата како веријатно „најопасната во последните 30 години“.
Руските и американските функционери кои ќе дискутираат по предлозите на Москва на 10-ти јануари ќе се сретнат во швајцарска Женева.
Прашан претходно оваа седмица дали сака да се сретне со Путин, Бајден одговори „Ќе видиме“, но не олекува дека ќе учествуваат на разговорите во Женева.
По таа средба предвиден е и состанок на Совето НАТО-Русија на 12-ти јануари, како и поширока конференција на 13-ти јануари во коишто покрај Москва и Вашингтон ќе учествуваат и некои европски земји.